Palpacija (makedonski) 
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 9 | Nivo: Fakultet za medicinskih nauka

Содржина
Вовед .......................................................................................2
Лоцирање на анатомски точки.............................................2
Палпација на тироидна жлезда............................................4
Палпација на абдоменот........................................................5
Палпација на црниот дроб.....................................................5
Палпација на слезина.............................................................6
Палпација на аорта.................................................................6
Палпација на пулс...................................................................7
Користена литература............................................................8
Вовед
Денес во современата дијагностика се користат многу методи на преглед на пациентите меѓу кои спаѓаат палпацијата, перкусијата и аускултација.
Палпацијата претставува дел од физичкиот преглед, каде со помош на рацете треба да почувствуваме некое тело (предмет) и да ја одредиме неговата големина, форма, чувствителноста или локацијата.
Палпацијата е користена од страна на многу терапевти за да ја одредат композицијата на ткивото на пациентот (како што се испакнатоста и мускулниот тонус), да ги лоцираат просторните координати на одредено анатомско место (да го одредат доменот и способноста на движењето на зглобовите), и да ја одредат мекоста преку деформацијата на ткивото (предизвикување на болки со притисок и растегнување на ткивото). Имено, палпацијата може да биде користена за одредување на болни места и да ја откријат болката што пациентот ја чувствува. Палпацијата може ад биде лесна (нежна) и длабока.
Најчесто палпацијата се користи во прегледите на градниот кош, абдоменот, но исто така може да биде користена за дијагностицирање на едеми и мерење на пулсот. Ветеринарните лекари со помош на палпацијата ја откриваат бременоста на животните, како и бабиците да ја одредат положбата на фетусот.
Квантативната палпација на анатомските точки на телото мора да се одвива по строг протокол доколку сакаме да постигнеме точни резултати. Овој протокол се базира на добро опишани дефиниции за локација на анатомски, поточно, скелетни точки.
Лоцирање на анатомски точки
Лоцирањето на анатомските точки може да биде изведено со користење на два протокола на палпација: мануелна палапација (овозможува простoрна локација на точките со користење на рацете и може да биде комбинирана со тридимензионална (3D) дигитилизација и виртуелна палпација со 3D компјутерски модели.
Сл.1 Мануелна палпација Сл.2 Виртуелна палпација
Мануелната палпација (сл.1): заштитната ракавица на левата рака со која се врши палпацијата дозволува да се лоцираат просторните координати на палпираните места и дава задоволувачки резултати.
Виртуелната палпација(сл.2): шарените топчиња на коските ги индицираат палпираните места. Овој метод комбиниран со мануелната палпација овозможуваат специфична визуелизација на однесувањето на зглобовите при разни движења како одење, качување по скали...
Горенаведените протоколи може да се користат одвоено. Мануелната палпација се користи во клинички случаеви во различни цели: идентификување на болни места или мерење на морфолошки параметри (должина на екстремитетите). Виртуелната палпација како сама е корисна во броење на индивидуалните морфолошки параметри од медицинска слика: должина и ориентација на екстремитетите или растојание меѓу различни скелетни локации.

---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturskiradovi.net 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com

 

 

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!